АНТИЌ, Милорад

АНТИЌ, Милорад (с. Долни Нерадовац, Врањско, 1. Ⅷ 1926 – Скопје, 31. Ⅲ 1997) – лекар примариус, унив. професор на Медицинскиот факултет во Скопје. Основно образование завршил во Скопје, средно образование во ќуприја и Врање, а Медицински факултет во Белград (1953). Последните години од студиите работел како демонстратор на факултетот. Специјализирал гинекологија и акушерство на Медицинскиот факултет во Скопје (1957) и како шеф на Гинеколошко-акушерското одделение во Охрид (1959) бил избран за асистент на Гинеколошко-акушерската клиника при Медицинскиот факултет во Скопје (1959). Хабилитирал на темата „Проблематиката на немалигните промени и фа-Милорад Антиќ култативните преканцерози на цервиксот – дијагностика и постапка” (1971). Освен гинекологијата и акушерството, негова преокупација била и перинатологијата. Посебно се посветил на раната дијагноза на карциномот на цервиксот. Бил на едногодишен престој и специјализација во Универзитетскиот центар на Каролинската болница и во Радио хе-мет институтот во Стокхолм. Како шеф на Одделението за акушерство, учествувал во едукацијата на специјализантите од неговата научна област. Учествувал на поголем број научни собири и објавил околу 80 научни трудови и прилози. С. Мл.