АНДЕРСОН-СТОЈАНОВИЌ, Вирџинија

АНДЕРСОН-СТОЈАНОВИЌ, Вирџинија (Виргиниа Андерсон-Стојановиц) (Портланд, САД, 1945) – археолог, специјалист за римска керамика. Студирала на Универзитетот во Вашингтон, а докторирала (1977) на Универзитетот Тексас во Остин (за доцнохеленистичката и раноримската керамика од Стоби). Од 1970 до 1981 г. била член на Американско-македонската екипа, за истражување на Стоби. Учествувала и во други истражувања во Грција и Македонија. Професор е на Вилсон колеџот во шамберзбург, Пенсилванија, САД (Њилсон Цоллеге, Схамберсбург, УСА). БИБ.: Италѕ анд Мацедониа ин тхе 2нд анд 1ст центуриес Б.Ц.: Тхе Церамиц Евиденце, „Реи Цретариае Романае Фауторум Ацта“, 23-24, 1984; Стоби: Тхе Хелленистиц анд Роман поттерѕ, Принцетон, 1992. Р.