АНАСТАСОВ, Родољуб

АНАСТАСОВ, Родољуб (Скопје, 25. Ⅱ 1935) – сликар, професор на Факултетот за ликовна уметност, еден од првите претставници на енформелот кај нас. Дипломирал на Академијата за ликовна уметност во Белград (1962). Поради вербален деликт бил затворен на Голи Оток (1963–1965). Бил член на меѓународната група Јуниј. Самостојно излагал во Скопје, Нови Сад, Белград, Љубљана, Сараево, Загреб, Париз. Негови дела се излагани во многу земји во светот. По фазата на енформелот во шеесеттите (Композиција, 1959; Скопски тињак, 1967), работи дела во духот на фотореализмот и надреализмот. Создал неколку циклуси (Човек и небо, Човек и време, 1975–1978). Од 1978 г. работи на циклусот Човек и простор. ЛИТ.: Владимир Величковски, Родољуб Анастасов, Скопје, 1995. Л. Н. Иван АнастасовГрчето