АЛОСАН ЧОВЕК

АЛОСАН ЧОВЕК (АЛОВИТИ ЛУЃЕ) – лице во кое влегол демон или е обземено со стапнување на демонско место; деца родени во кошулка, од полов однос меѓу жена и змев или човек во кој влегла самовила, со натприродни сили и можности, заштитници од градоносните облаци. ЛИТ.: Речник на народната митологија на Македонците. Редактор Танас Вражиновски, Скопје, 2002, 38-39. С. Мл.